Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Комити > „Комити“: Единствено нешто што мора да се случи, е утре да ни стигне вест дека е направен тој еден чекор кој е толку неопходен за надежта да продолжи да живее
„Комити“: Единствено нешто што мора да се случи, е утре да ни стигне вест дека е направен тој еден чекор кој е толку неопходен за надежта да продолжи да живее

„Комити“: Единствено нешто што мора да се случи, е утре да ни стигне вест дека е направен тој еден чекор кој е толку неопходен за надежта да продолжи да живее

Навивачката група на Вардар, популарните „Комити“ на својата Фејсбук страна објавија нова статија.

Објавата на „Комити“ во целост:

Играчите го дадоа тоа што требаше и многу повеќе од она што од нив се очекуваше.
Тетовче направи одлична селекција, разви извонредно победнички менталитет, им го пренесе покрај стручното и она Вардарското што извира од него и за многу краток период направи тимот да личи на Вардар, и да најавува дека има многу потенцијал во тие млади деца, но и да допре до оние кои дојдоа да помогнат со своето искуство и жар за Вардар.
.
Жално би било сите тие да не бидат наградени за тоа што се надминаа себеси за ова свето име да не згасне. Единствено нешто што мора да се случи, е утре да ни стигне вест дека е направен тој еден чекор кој е толку неопходен за надежта да продолжи да живее. Вардар да продолжи да постои како нешто што познаваме и покрај кој сме пораснале и се идентификуваме. Не има многу, и сите ние очекуваме човекот на кого безусловно му верувавме сите изминати години, го исполни ветениот збор.
.
Не може да има одложување кое не би оставило силни последици за тимот и армијата навивачи кои стојат позади клубот, и во добро и во зло.
.
Ви верувавме и веруваме дека нема да ја изневерите нашата доверба.
Не е време за решавање на работи преку нашиот Вардар, туку е време за решение на работите во ФК Вардар. Тоа е она што е суштинско и што за нас е единствено правилно и нужно.
Вардар ќе живее !
Доколку Вардар биде запрен – Скопје ќе биде поплавено !