Момци, најискулирано проследете ја веста за Затварање на Западната трибина за мечот Вардар-Работнички на 23-ти…Исто веста дека нашата управа се оградува од присуството наше на стадион…
Не грижете се, ова не може да биде никаква вест, а знаете ли зошто? Затоа што не постои Вардарец кој сеуште не знае дека Западната трибина не е само трибина, Западот е идеологија, историја, гордост и иднина. Западот живее во секој од нас! Очигледен е потегот на управата и нивните другарчиња од штабовите во ФФМ, и неговата цел е очигледна, но таргетира само за мал дел од нас, најголемиот дел од нас знае дека и да сме на Јужната трибина, Северната па дури и источната нашата идеологија ќе живее, Западот ќе биде во пламен и на Југот и на Северот!
Очигледен е и другиот потег на полицискиот дел од Управата на Вардар. Нивното оградување од својата армија е како Генерал да се откаже од својата војска на борбеното поле. Можно ли е тоа? Не грижете се, ова не може да е управата, ова се само пролазни ликови кои постојат поради одбрана од измислена и непостоечка закана. Секој оној кој себеси се идентификува како Комита инстиктивно знае дека нашиот непријател не е Вардар, не е сопственикот, дури и декларативно не е Управата, нашиот противник се хиените и пијавици кои кружат околу сопственикот поради нивната “лојалност” кон него…Испревртената реалност дека измислениот непријател посочен во Комити е неиздржлива, заради фактот дека истиот тој е најголемиот и единствен пријател на Вардар! Тие кои се самопрогласуваат себеси за заштитници се во суштина првите од кои треба да се заштитите! Комити не се непријатели на Вардар, Комити се заљубени во Вардар, Вардар е наша прва љубов, нашиот Градскиот Стадион е наш дом, ние сме едно големо семејство. Но тука има некои кои докажано не припаѓаат во Вардар, а за да дознаеме кои се тие доволно е да дигнат рака оние кои беа со клубот кога му беше најтешко…
Комити, гордо, достоинствено, купување карти на билетара, и со песна за Вардар да покажеме кој го сака Вардар а кои се во Вардар од други причини!
Моралот нека се дигне на највисоко ниво, имаме опоненти кои не го познаваат нашиот менталитет, опструкции кои во суштина ни даваат дополнителна мотивација и енергија…Комити биле и ќе бидат!!!
Тексов е преземен од ФБ профилот Клуб Комити