Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > Комити > Комити: Како некогаш, 16.03 сите на стадион
Комити: Како некогаш, 16.03 сите на стадион

Комити: Како некогаш, 16.03 сите на стадион

Комити Запад се подготвуваат за следниот настап на црвено-црниот фудбалски клуб, на “настанот“ на ФБ креиран за оваа прилика се вели:

Вака разбравме…
Планот бил преку уништувањето на Вардар, со лошите резултати нас да не одвратат од одење на натпревари, пошто нели нас кога игра лошо Вардар не иритира и сме нервозни…
Но дали е така? Комити секогаш биле најдобри кога на клубот не му одело најдобро…Вратете го филмот малку наназад, сетете се само и ќе се уверите!
Дури и ние самите понекогаш не знаеме што не мотивира, можеби самите сме носители на тој генетски код за кои и не сме свесни и не можеме да го дешифрираме, токму затоа да бидеме тука во полна снага кога сме најмногу потребни!
Нема да се трудиме да ја решиме загатката туку ќе го следиме инаетот, чувството за праведност и љубов кон Вардар и Македонија! Ако ги следиме во Сабота, 16.03 ќе бидеме во Маџари !!!
За Саздо !!!
За Вардар !!!
За Македонија !!!
#Мобилизација #ЦрвеноЦрнаРеволуција