Пред крајот на изминатата 2016 година поточно на 29-ти декември се одигра финалето на Државното поединечно првенство во куглање во кое играа двајца играчи на КК Вардар. Во финалето се сретнаа ударното дуо на црвено-црните Димитровски-Влаќевски. Победник беше Бојан Влаќевски со 589 “дрва“ и освоени 3 сета, “сребрен“ беше Димитар Димитровски со 580 дрва.
Тие претходно во Државното поединечно првенство во полуфиналето во кугларницата Мусандра се сретнаа со двајцата играчи на Макпетрол. Тогаш во сетови Димитровски триумфираше 3-1, тој собори вкупно 631 “дрво“. Влаќевски тргна со победа во првиот сет и веќе по три сета се пласираше понатака поведувајќи 2,5 према 1,5, тој собори 580. Ибрахим Мемеди и Виктор Николовски беа “жртви“ на вардарци, тие се закитија со “бронза“ бидејќи не се играше меч за третто место.
За време на дуелот во саботата помеѓу КК Вардар и шампионот КК Макпетрол во рамки на 6.коло во Македонската кугларска лига беа доделени признанијата за овие четири момци. Макпетролци ги подигнаа “утешните“ признанија, апак за вардарци беа резервирани сребро кое се најде на градите на Димитар Димитровски и златото. Поради обврски во Хрватска каде што сега игра Влаќевски Бојан не беше во можност да го прими медалот и пехарот. Истиот го прими неговиот татко и нов играч на Вардар г-нот Ламбе Влаќевски.