ФК Вардар ги одработува првите тренинзи во Анталија и се подготвува за првиот пријателски натпревар. Како што можете да забележите и на овие фотографии, вардарци имаат одлични услови за работа. На првиот тренинг можеше да се забележи и Тигран Барсегјан. Се надеваме дека овој играч ги надмина проблемите и ќе може да и помогне на екипата во пролетниот дел од сезоната. Во квалитетите на Барсегјан се уверивме на пријателскиот натпревар против Јагиелонија. Во продолжение неколку фотографии од првите тренинзи во Анталија.