Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Влаќевски настапи на финалниот дел од турнирот во Бачка Топола-Србија
КУГЛАЊЕ! Влаќевски настапи на финалниот дел од турнирот во  Бачка Топола-Србија

КУГЛАЊЕ! Влаќевски настапи на финалниот дел од турнирот во Бачка Топола-Србија

По одличниот настап вчера и скорот од 614 “соборени дрва“ со кој го обезбеди, денес Влаќевски настапи на финалето на меѓународен кугларски турнир во Бачка Топола. Турнирот се огранизира во “Функ Арената“, а нашето момче денес имаше солиден настап. Тој собори несвојствени за него 526 “дрва“.

Заморот си го зема ’данокот“ баш на финалниот ден. Влаќевски во среда играше тешко полуфинале во Државното поеднинечно првенство во кое обезбеди финале со соиграчот и член на ударното дуо Димитар Димитровски. Во четврток касно во ноќта замина за Бачка Топола-Србија. Во петок напладне стигна, се смести и веднаш играше два квалификациски круга. Сето тоа го исцрпи и нему дозволи да влезе свеж за денешниот настап, неуспевајќи доволно да се одмори и регенерира телото. Сепак голем успех е пласманот во финалниот дел од овој турнир кој е признаен од светската кугларска федерација (WNBA/NBC) и се бодува како официјален за светската ранг листа, ова е турнир од т.н А-класа. Следен предизвик за него е финалето во среда со колегата од Вардар, Димитровски на Државното поеднинечно првенство.