Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар доби големо засилување, Бесир Демири нов член на тимот!
Вардар доби големо засилување, Бесир Демири нов член на тимот!

Вардар доби големо засилување, Бесир Демири нов член на тимот!

ФК Вардар денеска и официјално го претстави своето прво засилување за зимскиот преоден рок. Неговото име е Бесир Демири. Демири има 22 години и доаѓа од редовите на тетовска Шкендија. Демири игра на позицијата лев бек, а сосема солидно може да одигра и на позицијата последен играч за врска во средниот ред, и на позицијата лево крило.

demiri-fkvДемири исто така е стандарден член и на македонската репрезентација до 21 година која направи историски успех, пласирајќи се на ЕП во Полска. Демири во својата кариера покрај за Шкендија, настапуваше и за тимот на ФК Шкупи. Нашиот нов играч за официјалната веб – страна на клубот изјави:

„Задоволството е големо што станав дел од Вардар. Ова за мене е голем предизвик. Се надевам дека ќе ги исполниме амбициите на раководството на екипата. Амбициите и целите ми се познати, а тие тие се двојна круна оваа сезона. После тоа да направиме успех и на меѓународна сцена. Среќен сум што станав дел од Вардар, и со нетрпение го очекувам почетокот на подготовките. Да се подготвиме добро за предизвиците во пролетниот дел од сезоната. Со голем дел од играчите на Вардар се познавам од настапите во Првата лига и во младинската репрезентација, и мислам дека ќе немам проблем околу адаптацијата“, изјави новиот член на Вардар.

Му посакуваме добредојде во “црвено – црниот” тим на Бесир Демири.