РК Вардар календарската година во Лигата на шампионите ја заврши. “Црвено – црните” играчи одиграа вкупно девет натпревари во ЛШ. Вардарци по девет одиграни натпревари се наоѓаат на третата позиција на табелата во групата “Б”. Досега, нашите играчи се радуваа на шест победи, додека пак три пати за жал беа поразени. Вардар по овие девет рунди, може да се пофали дека го има најдобриот напад во нашата група. Нашите играчи по девет натпревари успееаа да погодат на 271 наврат, што ги прави за два гола повеќе пред Кјелце. Вардарци досега највеќе погодоци му дадоа токму на aктуелниот шампионот Кјелце. На натпреварот во Скопје нашите ракометари успееаа да постигнат дури 40 погодоци.
Кога се во прашање стрелците, во редовите на Вардар, тука предводник е Алекс Душебаев. Нашиот играч ја предводи листата на најпрецизни играчи.
Листата на топ – 5 стрелци во Вардар изгледа вака:
Душебаев (42)
Дибиров (40)
Циндриќ (31)
Борозан (28)
Карачиќ (26)