Во редовите на црвено-црниот борачки колектив има нови имиња во овој предонен рок, но и едно заминување засега. Ангел Зафиров и Далибор Богданов, интернационалци од германската Бундес лига кои потекнуваат од БК Балканец поднесоа барања да бидат членови на БК Вардар.
Од нашиот клуб дале исписница и одобриле трансфер на Халил Зубаиров. Тој сега ќе мине во редовите на БК Лирија. Апак трансферот на Владимир Егоров во БК Балканец поради нестатутарноста и нерегуларноста (3-7 јуни 2017) ќе биде оспорен на Суд. Единствено доколку Балканец поднесе ново барање за трансфер на Егоров во законски рок, ќе им излезат од нашиот клуб во пресрет и ќе им дадат исписница за тој борач по претходен договор на двата колектива.
*Покрај ова има една сосема одлична новост од црвено-црниот тим, Ахмед Гаджимурадов втор човек во Руската репрезентација (Од Краснодар) и најдобар инструктор за грчко-римски стил доаѓа во нашиот БК Вардар.