Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Андреа Пенезиќ е четврти најдобар стрелец во ЛШ
Андреа Пенезиќ е четврти најдобар стрелец во ЛШ

Андреа Пенезиќ е четврти најдобар стрелец во ЛШ

Андреа Пенезиќ повторно беше најдобар стрелец на Вардар, во победата на гости против Битигхајм. Таа постигна вкупно осум голови и беше најефикасен играч кај црвено-црните. Овие погодоци ја искачија Пенезиќ на ТОП-5 листата на најдобри стрелци, односно левиот бек на Вардар е четврти најдобар стрелец во Лигата на Шампионите. Таа досега има постигнато вкупно 51 гол. На врвот на листата неприкосновена е Ивета Лузумова од Турингер која има 68 постигнати голови. Второто место е за Кристина Неагу од ЦСМ Букурешт со 59, додека еден помалку има Вероника Кристиансен од екипата на Митјиланд. Листата ја затвора ракометарката на Битигхајм, Ким Наидзиниавициус, која не беше во комбинација за настап на својата екипа, на последните два натпревари.