Од среда до недела (07-11.02) три генерации на фудбалскиот клуб Вардар ќе бидат дел од силниот меѓународен турнир, “Пирин Куп Сандански 2018“. Учество ќе земат екипи од Бугарија, Македонија, Србија, Словенија, Грција, Турција и Романија.
Вардаровата генерација “2006“ која ја предводи Сашо Јанев ќе се натпреварува во група со екипите на ЦСКА Софија, Пирин 2001 од Благоевград и Добростол Силистра.
Генерацијата “2007“ под водство на Томче Трајановски во групата ќе игра со екипите на Локомотив Софија, Марек Дупница и ОФК Софија.
Момците на Павел Неделковски, генерација “2008“ во својата група за противници ќе ги има врсниците од ЦСКА Софија, Витоша од Софија и екипата на Хасково.