Кошаркарскиот клуб Вардар со двете свои млади селекции, М12 и М14 настапи на “Балканскиот куп” кој се играше во Ботев, Бугарија. Двете екипи на црвено-црните стигнаа по одлично одиграниот турнир кај нашиот источен сосед до големото финале на турнирот во своите категории.
И на помладите момци родени 2006 и 2007 година и на повозрасните родени 2005 и 2004 во финалето противник им беше екипата на домаќинот на турнирот КК Балкан. Кај помалите М12 бевме поразени во финалето со резултат 74 : 63 и дојдовме до “сребро“. Кај финалето на повозрасните во еден дуел со многу жар и борба моравме повторно да се задоволиме со втората позиција. Одигравме одлично на целиот турнир показател за истото се изборените две финалиња на двете генерации млади надежни кошаркати.