Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардарци утрово со последен тренинг во Анталија, попладнево “летаат“ за Скопје
Вардарци утрово со последен тренинг во Анталија, попладнево “летаат“ за Скопје

Вардарци утрово со последен тренинг во Анталија, попладнево “летаат“ за Скопје

Денес црвено-црните момци на подготовките во Анталија, Турција ја имаат последната “епизода“ за овие зимски подготовки. Утрово дел од фудбалерите се во  вежбалница, дел на  работат на зелениот терен. Играчите  кои вчера настапија на натпреварот со Дукла, тренираа во сала за кревање товар, додека останатите имаа посен тренинг.

Денес попладне експедицијата на вардарци  се враќаат во Скопје, ќе патуваат со  летот од Анталија преку Истанбул, во Скопје тие  ќе пристигнат во вечерните часови. Тимот  мина 20 дена во Анталија, каде што се подготвуваше за пролетниот дел од сезоната. Од вкупно шесте пријателски средби, вардарци победија на три, ремизираа на еден, а загубија на два контролни меча.