Вчера во малата сала при Спортскиот центар “Кале“ се одигра пријателски тест-дуел помеѓу сениорските екипи на КК Вардар и битолскиот тим Пелистер. На дуел помеѓу двата прволигаши победи црвено-црниот кошаркарски колeктив.
Нашите момци славеа на овој пријателскиот натпревар со резултат 78:76. Веќе е познат и распоредот за првата лига и нашите ривали во првите 11.кола. Ние отвараме на домашен терен против тимот на КК Куманово од истоимениот град, целиот распоред може да го најдете на нашиот сајт- Овде!
Претходно во истата сала и дамите од ЖКК Вардар одиграа тест-натпревар, тие беа домаќинки на шампионот Бадел 1862. Во овој дуел избраничките на Жаклина Стојановска беа поразени со резултат 40:60. Ова беше меч на двата тима кои лани ги поделија трофеите во женската македонска кошарка, нашиот противник беше шампион во лигата, а црвено-црните дами го одбранија Куп пехарот.
За потсетување како што е најавено од куќата на кошарката, женската сениорска лига ќе стартува на 13. октомври, па затоа вардарки со полна пареа се подготвуваат за почетокот на новата сезона.