Monday ,20 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Билетите за дуелот со Рајн Некар веќе се во продажба, со купен билет гратис влез на СЕХА мечот со Војводина
Билетите за дуелот  со Рајн Некар веќе се во продажба, со купен билет гратис влез на СЕХА мечот со Војводина

Билетите за дуелот со Рајн Некар веќе се во продажба, со купен билет гратис влез на СЕХА мечот со Војводина

Како што известуваат од РК Вардар, веќе од денеска во продажба се пуштаат билетите за првиот домашен натпревар на Вардар во лигата на шампионите, против Рајн Некар. Дуелот е закажан за 6 октомври во СЦ „Јане Сандански”.

Во продажба се пуштени поединечни билети за трибините и А блоковите. Имателите на сезонски билети истите ќе може да ги искористат за сите натпревари во лигата на шампионите и во СЕХА лигата, и домашното првенство.

Цената на поединечните билети за дуелот со Рајн Некар се:
* 350 денари за местата на трибина
* 400 денари за А блоковите

Билетите може да се купат на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” секој работен ден од 10 до 18 часот, и он лајн на www.ticketplus.mk

Со секој купен билет за натпреварот Вардар – Рајн Некар ќе добиете и бесплатен билет за мечот од СЕХА лигата меѓу Вардар и Војводина што се игра во вторник во Скопје во 17,15 часот.

На полувреме од натпреварот од СЕХА лигата меѓу Вардар и Војводина исто така ќе има бројни изненадувања за посетителите во салата.