Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка: Оровчанец на списокот повикани за настап во Бугарија
Кошарка: Оровчанец на списокот повикани за настап во Бугарија

Кошарка: Оровчанец на списокот повикани за настап во Бугарија

Националните селекции до 14 години во јуни тековната календарска година го одржаа првиот камп во рамки на новата генерација која ќе биде дел од проектот „Заедно до М16“, овој пат и во женска конкуренција.

Двете селекции претстојниот викенд ќе заминат на првиот меѓународен камп – во Бугарија. Селекторите Жаклина Стојановска односно Благоја Кечовски ги изготвија списоците на повикани кошаркарки односно кошаркари.

Девојките првиот тренинг ќе го одржат во спортската сала при ОУ Невена Георгиева – Дуња во вторник (4. септември) со почеток во 16:00 часот додека момците првиот тренинг ќе го одржат во малата сала на „Кале“ со почеток во 15:30, во вторник (4. септември).  Кај момците на списокот се најде и вардаровиот играч Оровчанец.

Заминувањето за Бугарија е на 6. септември (четврток) пред малата сала на Кале во 17:30.

СПИСОК МОМЦИ ДО 14 ГОДИНИ
1. Петар Бошалевски
2. Теодор Гудев
3. Лука Џинес
4. Ненад Благоевски
5. Стефан Дуковски
6. Виктор Стојковски
7. Петар Башовски
8. Марко Трифуновски
9. Мартин Оровчанец
10. Бојан Стојановски
11. Мартин Ѓорѓиовски
12. Ѓорѓи Ташев