Пред стартот на новата сезона во женскиот сегмент од ЕХФ Лигата на шампионите направен е список на ракометарките кои летово ја менуваа средината, а на листата од најдобрите десет трансфери доминираат поранешните ракометарки на скопските црвено-црни.
Прв трансвер е тој на Амандин Лејно која во новата сезона ќе брани за тимот на Ѓер, втора е Андреа Лекиќ таа кариерата ја продолжи во ЦСМ Букурешт. Покрај нв во Топ-10 се најдоа и Јованка Радичевиќ, како и пикерот Драгана Цвијиќ.