Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Викендов пауза во МКЛ, Донковски и Влаќевски ќе настапат на меѓународниот 13-то ноемвриски турнир по повод денот на ослободување на Скопје
КУГЛАЊЕ! Викендов пауза во МКЛ, Донковски и Влаќевски ќе настапат на меѓународниот 13-то ноемвриски турнир по повод денот на ослободување на Скопје
ДОНКОВСКИ(лево)-ВЛАЌЕВСКИ(десно) учесници од КК Вардар

КУГЛАЊЕ! Викендов пауза во МКЛ, Донковски и Влаќевски ќе настапат на меѓународниот 13-то ноемвриски турнир по повод денот на ослободување на Скопје

Во македонската кугларска лига се одиграа досега четири кола по кој вардарци со три победи се второпласирани со 6 бода, зад  КК Макпетрол кој има 8 и пред КК ГТЦ Мусандра кој има 4 бода во досегашните кола. Оваа недела во МКЛ ќе има пауза поради одигрување на поединечен турнир по повод 13 Ноември денот на ослободување на Скопје од фашистичката окупација.

received_10210060310936136-1п

Нашиот кугларски црвено-црн тим ќе има двајца преставнции на овој меѓународен турнир. Станува збор за две имиња кој се во топ-3 по квалитет во КК Вардар. Ќе настапат на истиот Бојан Влаќевски и Младен Донковски. Покрај двајца од Вардар, од шампионот КК Макпетрол ќе има тројца, од КК ГТЦ двајца, од КК Цар Лазар-Крyшевац двајца и од шампионот на Србија, КК Белград четири преставници. Во јуниорска конкуренција исто ќе има 11 учесници, но таму немаме преставник. Дуелите ќе се играат во кугларницата Мусандра која се наоѓа во ГТЦ-Скопје која воедно е и наш домашен терен. Организатор е сојуз на спортови на Град Скопје во соработка  со Кугларската федерација на Македонија.