Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > “Пекол” за полјаците , полна сала за Вардар, останати уште 580 билети
“Пекол” за полјаците , полна сала за Вардар, останати уште 580 билети

“Пекол” за полјаците , полна сала за Вардар, останати уште 580 билети

По подолго време, СЦ. “Јане Сандански” ќе биде преполн. Останати се уште 580 билети за овој натпревар. (Во оваа бројка не се сметаат слободните места за стоење, како и блокот резервиран за Комитите). Конечно, овој Вардар оваа сезона ќе може да ужива во амбиентот приреден од своите навивачи. Армијата на црвено – црни навивачи утре се очекува да пристигнува од целиот град Скопје. Се очекуваат над 6.000 навивачи во “рушење” на европскиот првак Кјелце.

Да направиме навивачка атмосфера за која ќе се зборува уште долго. Да го пратиме дома европскиот шампион со наведната глава и полна мрежа голови. Собирот на “Комитите” ќе биде еден час пред натпреварот, на кој ќе може да подигнете и билети по цена од 50 ден со членска и без 100 ден.