По една недела пауза поради одржувањето на Купот на Република Македонија, повторно започнуваат дуелите во сениорските лиги. КК Вардар овој викенд ќе го игра дуелот од 15.коло во Втората машка кошаркарска лига.
Црвено-црните во оваа рунда се домаќини во спорскиот центар „Кале“, на нас ни гостува екипата на КК Партизан ВС. Натпреварот е закажан за недела ( 27.02.2022) истиот ќе започне во 17:00 часот. Делегирана е судиската тројка: В.Цветаноски, Н.Јакимовски и Ф. Филиповски