Во рамки на 5.коло од Македонската кугларска лига, шампионот Вардар се сретна со втората екипа на КК Макпетрол, екипата „Б“. Во дуелот кој се одигра во кугларницата „Мусандра“ црвено-црните дојдоа до победа со високи 7-1.
Текот на мечот беше неизвесен, отпорот на ривалот го скршивме во финишот и успеавме да дојдеме до победа. Во сетови нашите момци беа подобри со 8,5:15,5, ние соборивме 3263 „дрва“ наспроти 3194 на плаво-жолтиот тим. Победата едобра за враќање на самодовербата и покрај преполовениот играчки ростер во споредба со претходната шампионска сезона.
Кај нас Тодоровски со 569 „дрва“ имаше најдобар скор, Димитровски Дарко впиша 549, а едно помалку „дрво“ имаше Коста Ристевски.