Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: КК 18-ти Август следен предизвик за црвено-црните, дуелот се игра в понеделник
Куглање: КК 18-ти Август следен предизвик за црвено-црните, дуелот се игра в понеделник

Куглање: КК 18-ти Август следен предизвик за црвено-црните, дуелот се игра в понеделник

На програмата овој викенед во македонската кугларска лига е 9.коло, односно претпоследното коло од вториот круг. Момците од КК Вардар во ова коло се домаќини, на нас ни гостува екипата на КК 18-ти Август 2016. Дуелот се игра понеделник, 12.фебруари со почеток во 19-00 часот.

Натпреварот  стандардно како домаќини ќе го играме во кугларницата “ВИП“ при Спортскиот центар “Борис Трајковски“- Скопје. Според квалитетот фаворити на овој натпревар се  пулените на Драги Димитровски кој располагаат со поквалитетен ростер “на хартија“ од противникот. Сепак треба да се одигра смирено и умно со тимот кој се покажа како незгоден противник за многу екипи оваа сезона.  На првата средба оваа сезона во 4.коло од МКЛ одиграна на последниот ден од месец октомври  ние триумфиравме со 2-6. Во сетови црвено-црните  победија со  8:16, нашиот ривал имаше екипен скор од  3202, а нашите момци соборија 3292 “дрва“.