Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Три години “Вардар фанс“ , благодариме на довербата
Три години “Вардар фанс“ ,  благодариме на довербата

Три години “Вардар фанс“ , благодариме на довербата

Нашиот црвено-црн вардаров веб-сајт започна активно да функционира на македонското спортско “новинарско небо“ пред точно три години, во 2015 на овој ден започнавме официјално да ги промовираме нашите статии до нашите читатели. Во меѓувреме од тогаш до денес споделивме со вас нешто над 13.000 текстови за големото црвено-црно семејство.

Нашата визија вроди со плод пред три години, се “роди“ медиумот кој посакавме и успеавме. Се обврзавме во целост да ги следиме сите екипи што имаат име Вардар, дали станува збор за првите тимови на фудбалскиот и двата ракометни колектива, двата кошаркарски, кугларскиот, боречкиот, атлетичарскиот се до сите детски категории на вардаровата школа.

Мило ни е што успеавме да си ја оствариме целта и да покриеме добар дел од настаните за кои сакавме да известуваме, особено со акцент на младите вардарци кои доаѓаат, на кој им останува иднината. Нашата мисија е за промоција на светото име “Вардар“, нашата желба е секоја црвено-црна “клетка“ да биде следена и да се известува за неа. На нашите читатели чии број рапидно расте од ден на ден, им се заблагодаруваме на читањето и посетата на нашиот и ваш сајт.

Ви благодариме, спортски поздрав ваш Вардарфанс.мк