Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Дамите почнуваат на 21.ноември, ЖКК Вардар домаќин на Пробаскет
Дамите почнуваат на 21.ноември, ЖКК Вардар домаќин на Пробаскет

Дамите почнуваат на 21.ноември, ЖКК Вардар домаќин на Пробаскет

По дузина одложувања, недефинирање на почетниот датум кошаркарската федерација на Македонија начелно има датум за старт на женскиот кошаркарски шампионат. Раководството на федерацијата одлучи првото коло од новата натпреварувачка сезона 2020/2021 да се одигра на 21. ноември.

Девојките на Жаклина Стојановска, ЖКК Вардар се одамна подготвени за битка, тие тренираат од почетокот на август. Ние оваа сезона сме во групата „Исток“ каде има 7 тима како и западната група. Во првото коло сме домаќини на Пробаскет. Покрај овие два тима во групата се и К.Паланка, Патриот, Куманово, МЗТ и тимот на Баскет Кам.