Големиот број на дерби дуели за краток временски период го зема својот данок, заморот кај нашите девојки е евидентен. ЖРК Вардар за 5-6.дена одигра три меча со водечките три конкурента за врвот. Денес гостувавме кај екипата на Чаир која не совлада со пресврт во вториот дел. Тие триумфираа со 30-28, ние на полувреме имавме предност од 12-15.
.
Ние поведовме со 0-1 и 1-2 на почетокот, домаќинот успеа да направи пресврт и да поведе. Тие имаа предност со 10-6 контролирајќи го мечот во тој период од дуелот. Во последната третина од првиот дел успеавме да смогнеме сили и да направиме пресврт. Најпрвин изедначивме на 11-11 со серија 1-5, потоа успеавме да заминеме на одмор со „капитал“ од три гола. За време на паузата беше 12-15.
>
Трите гола предност ги задржавме и во вториот период, игравме игра гол за гол со која ја одржуваме разликата. Успеавме да поведеме со 16-20, потоа дојде до криза во нашата игра. Домаќинот беше во налет и успеа да изедначи на 22-22. Ние и понатака се боревме поведуваме, тие изедначуваа, па презимаа водство, ние се враќавме на реми. Но ривалот успеа повторно да ја преземе иницијативата во финишот и победи со 30-28.
Во нашите редови прв стрелец беше девојката која дојде од кадетскиот тим, Сара Стефаноска (15години) со седум гола. Галевска погоди 6 пати, Дамјановска имаше 4.гола, по три пати успешно во мрежата на ривалот погодија Костовиќ и Ѓорѓиевска.
Двете голманки на црвено-црните, Грујовска и Илиќ впишаа по пет интервенции.