Двата кугларски тима на „Вардар“ во второто коло од македонската кугларска лига дојдоа до победи со високи 8:0. Имаа неколку добри резултати па очекувано членовите на црвено-црните заземаа места во топ-6 тимот на колото. Лидер на иделниот тим ова коло е Дарко Димитровски кој одигра одлична партија.
Димитровски од Вардар-А е на позицијата број еден со 586 „соборени дрва“, очигледно повторно е во одлична натпреварувачка форма. Во топ-6 имаме уште двајца вардарци, на позицијата број.4 се наоѓа Влатко Стојановски (Вардар-Б) со бројка 562, со едно соборено „дрво“ помалку зад него на 5.позиција е Згонц Марјан (Вардар.А).