Викендов на програмата е треттото пролетно, односно 14.коло во оваа сезона во Првата машка кошаркарска лига. Момците на КК Вардар, во првото коло беа поразени во Куманово, во второто беа слободни, а пак викендов гостуваат кај шампионот од Купот на Македонија, тимот на КК МЗТ Скопје.
Натпреварот веќе има одреден термин, истиот ќе се игра во сабота, 2ри февруари во Спортскиот центар “Јане Сандански“ во Скопје со почеток во 17 часот и 30.минути. Домаќинот е голем фавориот за победа на оваа средба. Познати се судиите, на овој дуел правдата ќе ја делат: Лазов, Јанков и Хорвар.