Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардарци денеска против Подбрезова
Вардарци денеска против Подбрезова

Вардарци денеска против Подбрезова

Фудбалерите на Вардар денескa ќе го одиграат петтиот пријателски натпревар на зимските подготовки во Аланија, денешен противник на црвено – црните ќе биде тимот на Подбрезова од Словачка.

51210458_2440555749306685_8686931489167769600_n

Се работи за тим кој доаѓа од првата словачка лига. Во овој момент се наоѓа на десеттата позиција на табелата од дванаесет екипи со само седумнаесет бодови или пет победи, две нерешени и дури единаесет порази. Во тимот на Подбрезова има тројца интернационалци, од кои двајца се од Полска а еден од Србија, голманот Дробњак. Најдобар стрелец на овој тим е Давид Лешко со седум првенствени голови.

Дуелот ќе биде одигран од 14.оо часот а Вардар се надева дека ќе дојде до првата победа на петтиот тест  натпревар. Најавен е и директен стрим од дуелот.