Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар со одбрана која прима само 38.поена по дуел и напад кој во просек имаше сезонава 83.поена чекореше кон двата пехари
ЖКК Вардар со одбрана која прима само 38.поена по дуел и напад кој во просек имаше сезонава 83.поена чекореше кон двата пехари

ЖКК Вардар со одбрана која прима само 38.поена по дуел и напад кој во просек имаше сезонава 83.поена чекореше кон двата пехари

Девојките на ЖКК Вардар дојдоа до првата двојна круна за нив, тие имаа перфектна сезона зад нив. Победуваа на речиси сите мечеви, најчесто доминирајќи на средбите со своите противници. Купот и Првата лига успеаа да ги обојат црвено-црно. 

Тие остварија 23 победи во лигашкиот дел, победија на сите средби освен на една. Одиграа 24 меча, 20 во регуларниот дел од лигата од кои добија 19, еден пораз имаа од Бадел. Во плејофот беа перфектни  каде со 2-0 обезбедија финале победувајќи го Работнички, потоа со “метала„ односно 3-0 го детронизираа Бадел во финалната серија.

a66

Ако на овие бројки го надодадеме и Купот каде имаа  2 победи на Ф-4 ќе дојдеме до неверојатни 25.победи од одиграни 26 меча. Во големото Куп финале дојдовме до треттиот пехар по ред, повторно и овде тимот на Бадел 1862 мораше да подаде рака на избраничките на Жаклина Стојановска.

Во регуларниот дел имаа 1662 постигнати поени односно, неверојатни 83 поена по одигран дуел. Ја имаа најдобрaта одбрана во лигата со само 763 примени поени, тие играа брилијантна одбрана примајќи неверојатни 38.поена по одигран дуел.