Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вака изгледа новиот шампионски ростер на РК Вардар кој ќе ја брани „Европската круна“
Вака изгледа новиот шампионски ростер на РК Вардар кој ќе ја брани „Европската круна“

Вака изгледа новиот шампионски ростер на РК Вардар кој ќе ја брани „Европската круна“

По продолжувањето на договорите на Сташ Скубе и Гедбан Калифа, заедно со  новите официјализирани засилувања и имињата кои се спомнуваат веќе се гледа “костурот“ на тимот кој ќе ја брани европската круна. Сосема задоволува ростерот во овој момент, иако можни се додатни засилувања кои ќе идат во насока на додатно засилување на тимот.

Играчи кој продолжија со црвено-црните од минатата сезона се: Гедбан, Кизиќ, Скубе, Мишевски, Горбок, Дисингер, Кристопанс, Стоилов, Дибиров, Поповски, Шишкарев, Чупиќ. Покрој овие 12 “староседелци“,  Калараш се очекува поволен исход од разговорите со Мотор па ланската база ќе се искачи на 13 играчи што е сосема солиден број на задржани играчи од шампионскиот ростер. За можноста за враќање на русинот први ве известивме, деталите околу оваа можност може да ги најдете на нашиот сајт- овде!

Кога сме кај новите засилувања клубот на својата официјална страница потврди три нови имиња, голманот Кугис Артурс. Потоа двајца руски играчи пикерот Сергеј Горпишин и средниот бек Павел Атман. Се очекува во  наредниот период да го потврдат Димитар Димитриоски, за неговото пристигнување како прво засилување ова лето  ние објавивме пред 5 дена во веста- Официјално: Димитриоски се договори со Вардар!!! . Десната бековска позиција ќе биде пополнете со голема веројатност со играч од Бразил, Хозе Толедо. Детали за овој играч видете во продолжение- Тука!

Треба да се напомене дека оваа не е воопшто затворен список, времето е пред нас одлично се работи во клубот па се очекуваат нови пријатни вести околу играчкиот состав.