Во четврток во Виена, актуелниот шампион на Европа ќе ги дознае своите противници во групната фаза од Лигата на Шампионите. И во новата сезона ќе се игра по форматот, четири групи, поделени во две најсилни и две послаби. Вардар повторно ќе биде во една од најсилните групи на ЛШ.
Покрај Вардар во најсилните групи ќе бидат уште и екипите на Загреб, Алборг, Барселона, Фленсбург, Елверум, ПСЖ, Веспрем, Брест Мешков, Киелце, Порто, Целје, Мотор Запорожје, Кил, Пик Сегед и Монпелје.
Ждрепката ќе биде во четврток, со почеток од 18:00 часот.