Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Манев со понуди од Ријека, Интер Запрешиќ, Локомотив Пловдив!!
Манев со понуди од Ријека, Интер Запрешиќ, Локомотив Пловдив!!

Манев со понуди од Ријека, Интер Запрешиќ, Локомотив Пловдив!!

Еден од најдобрите играчи на Вардар оваа сезона, Коста Манев, сеуште не е познато каде ќе ја продолжи својата кариера, односно дали ќе остане во редовите на Вардар и во новата.

По одличните партии изминатава сезона, на адреса на менаџерот на Манев пристигнуваат добри понуди од клубови воглавно од соседството. Во овој момент голем број на тимови сакаат да го видат Коста Манев во својте редови, а најзагреани во намерите во овој момент се екипите на Ријека и Интер Запрешиќ од Хрватска, како и тимот на Локомотив Пловдив од Бугарија.

Останува да видиме дали Манев ќе се одлучи да ја промени средината и по само една година да си замине од редовите на нашиот тим.