Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Претставниците на Вардар и Мотор Запорожје во Виена ќе решат каде ќе игра Калараш во новата сезона
Претставниците на Вардар и Мотор Запорожје во Виена ќе решат каде ќе игра Калараш во новата сезона

Претставниците на Вардар и Мотор Запорожје во Виена ќе решат каде ќе игра Калараш во новата сезона

Освен што на 27-ми во Виена европскиот шампион ќе ги дознае противниците во групната фаза од Лигата на шампионите, ќе има и уште една задача, а тоа е да постигне договор со претставниците на Мотор Запорожје околу Глеб Калараш.

Ситуацијата околу Калараш е добро позната. Русинот сака да остане во Скопје, тоа го знаат и луѓето од Запорожје кои би го пуштиле Глеб, ако најдат заеднички јазик со претставниците на Вардар токму на 27-ми.

Значи, дали Глеб ќе остане во Скопје и во Варда, или ќе продолжи во Мотор Запорожје, официјално ќе дознаеме за пет дена, односно на 27 јуни (четврток).