Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Slider > Кристопанс, Скубе и Дибиров се единствените вардарови играчи, кои успеваа на секој натпревар во ЛШ да се запишат во листата на стрелци
Кристопанс, Скубе и Дибиров се единствените вардарови играчи, кои успеваа на секој натпревар во ЛШ да се запишат во листата на стрелци

Кристопанс, Скубе и Дибиров се единствените вардарови играчи, кои успеваа на секој натпревар во ЛШ да се запишат во листата на стрелци

Само тројца играчи на Европскиот ракометен Шампион успевале во сезоната која помина, да се запишат во листата на стрелци, на сите натпревари во Лигата на Шампионите. Се работи за Даинис Кристопан, Сташ Скубе и Тимур Дибиров, кои не пропуштиле ниту еден дуел во ЛШ, а да не постигнат гол.

Интересно левото крило на Вардар, своите најефикасни мечеви сезонава ги има во дуелите со екипата на Рајн-Некар, кој успеавме да го совладаме на два пати. На гостувањето во Манхајм, Дибиров успеал да постигне 8 голови, додека во домашниот триумф на мечот одигран во С.Ц. Јане Сандански, рускиот репрезентативец запишал седум голови. Инаку сезоната, Дибиров ја заврши како трет најдобар стрелец со 78 голови.

Даинис Кристопанс е најдобриот стрелец на Вардар сезонава, летонскиот „џин“ имаше постигнато 94 голови, со кои заврши и на второто место на листата на најдобри стрелци во ЛШ, подобар од него беше само Алекс Душебаев од екипата на Киелце. Што се однесува до летонскиот репрезентативец, неговиот најефикасен меч сезонава е токму во полуфиналето против екипата на Барселона, која успеавме да ја совладаме после голем пресврт во вториот дел, меч на кој Кристопанс го „торпедираше“ голот на каталонците и постигна 10 голови. Дури на три дуели, Кристопанс имаше постигнато по 8 голови, и тоа на гостувањата кај екипите на Брест Мешков и Кристијаншад и на оној прв 1/4 финален дуел против Пик Сегед.

Сташ Скубе се покажа како одлично засилување и замена после заминувањето на Лука Циндриќ. Словенскиот организатор на играта кај Вардар исто така успеваше на сите натпревари во ЛШ да постигне гол. Сезоната ја заврши со 59 постигнати голови, а негови најефикасни дуели се мечевите на гости против Киелце и домашниот дуел од 1/4 финалето против Пик Сегед, кога постигнуваше по 6 голови.

Хрватските интернационалци, Игор Карачиќ и Иван Чупиќ, само на еден меч не успевале да се запишат во листата на стрелци. Карачиќ оваа сезона постигна 79 голови, со кои беше втор стрелец на тимот, а единствено на домашниот дуел против Веспрем не успеал да постигне гол.

Четвртиот најдобар стрелец на Европскиот шампион сезонава е Иван Чупиќ, кој имаше постигнато 76 голови, а само на гостувањето кај Кристијанштад, десното крило на Вардар го немаше во листата на стрелци.