Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Комити > Комити: Следиме што се случува во ФК Вардар, во комуникација сме со клубот
Комити: Следиме што се случува во ФК Вардар, во комуникација сме со клубот

Комити: Следиме што се случува во ФК Вардар, во комуникација сме со клубот

Навивачите на црвено-црниот клуб, Комити Запад излегоа со соопштение по повод прозивките дека не реагираат на случувањата во фудбалскиот колектив. Истото ви го пренесуваме во целост:

Следиме што се случува во ФК Вардар, и во тековна комуникација сме со клубот на речиси сите нивоа, неформално и формално.
Свесни сме дека од нас се очекува реакција, од искрените Вардарци поддршка до играчите и клубот да истраат, од останатите радикален пристап со цел ‘решавање на состојбите’.
Кому тоа ние треба да му пружаме задоволство, и чии амбиции треба да реализираме реагирајќи импулсивно и отварање туѓи битки и војни.
Вардар таков каков што е и смета на оваа земја, барем онаква каква што со сила се обидуваат да ја направат да биде, а ние стандардно сме трн во око на системот, особено кога истиот е штелуван да биде анти црвено-црн, и во случајов со тоа анти-македонски…Вардар силен со будна Вардарова јавност преставува закана и опасност, Комити одлучни, мудри и организирани многу понеприфатливи од оние хулигани и проблематични деца кои се тема на муабети кога треба да се носат суштински промени у државава…нема дефокусирање на темите…
А Вардар јак и Комити организирани, и сплотени заедно двете се нерешлива енигма и веројатно проблем број еден кој мора да се реши… Како да исчезнат двата проблема одеднаш? Па едноставно, набуцкај ги навивачите да се свртат против клубот, поддржи ги и факторизирај ги кога ќе го нападнат, а потоа застани во одбрана на клубот против своите навивачи…Потоа одвреме навреме поддржувај ги двете страни една против друга додека не си ја исцрпат енергијата, и гледај си од страна со мезенце ‘егејска’ и маслинчиња со узо од ‘пријателите’ под нивните сенки на ‘нашето море’. Ќе наседнат ли? Ајде да гледаме шоу без пари како непријателите самите се уништуваат, а јас сум медијатор и спасител…
Не сме само ние, ги буцкаат и играчите да се свртат против клубот, бараат по некој ‘Вуко Борозан’ за потоа да го наместат за капитен во некој нов Вардар кој можеби и боите ќе ги смени…Ќе наседнат ли? Но да не застануваме тука, дај медиумски простор на овие случувања и она што е за у карантин пласирај го у јавноста, да се занимаваат…Ќе го гледаме ли тој филм повторно?
А ние созреавме, барем до толку, а веројатно сме сеуште оние зовриени глави затоа што крвта ни врие само кога ќе го чуеме неговото име…’ВАРДАР’, колку само моќно звучи ако си вљубен во него, или пак какви фрустрации ти извираат доколку не се идентификуваш со неговите вредности, достигнувања или доколку едноставно ти стои на патот на целосна доминација и контрола врз една голема маса на луѓе чиј основен белег е непокорот, и срцето кое чука за тој клуб во седум осмински такт…
Сочувствуваме со болката на играчите, оној оперативен дел од клубот и сите оние кои не виделе денар а изгинале за тие бои и тој дрес цела сезона изборувајќи излез во Европа, која се подалечна ни изгледа фудбалски но и идеолошки…Ја имате целосно нашата поддршка, и не можеме а да не потенцираме колку значи тоа што останавте достојни, совесни, лојални и трпеливи, и она што е во кругот на потесното семејство Вардар таму и остана, не давајќи им храна на ‘душегрижниците’, и веруваме дека таму и ќе се реши во ваша наша полза.
Боли тоа што нема да го помирисаме летниот шмек на Градски, затоа што ако има клуб кој е достоен да ја претставува Македонија надвор, тоа е секако Вардар…
Што е тука е, ете ќе преживееме без Европа, и не ни е гајле во која вукојебина ќе играме, па ни дали ќе имаме засилувања затоа што највеќе ни значи да го задржиме она што го имаме, овој состав и дух, нашето единство, кое на многумина им даде надеж, но на останатите им е голема главоболка.
Што и да се случи ние сме тука, дали во Европа, прва, втора, трета лига или општински потсојуз, Вардар и Комити ќе ја усреќуваат Македонија, но ќе бидат ноќна мора на паралелната квази творевина која функционира на оваа територија.
За крај, И на врвот и последен, ти си Вардар само еден!
#ЦрвеноЦрниДоКоска #ВардарВоСрцето #МакедонијаВоДушата