ЖКК Вардар исчекори еден “чекор“ кон обединување на двете титули со победата вчера во првиот натпревар од финалната серија со Бадел. Избраничките на Жаклина Стојановска успеаа да наметат своја игра, противникот немаше решение за нашата одбрана победата дојде со дури 31.поен разлика. Честитки за мотивираната игра на вардарки.
Вардарки газеа уште на самиот почеток, одиграа одлична одбрана во првиот период, во кој примија едноцифрен број на поени (23-9). Со исти ритам продолживме и во вториот период кога успеавме да наметнеме наша игра, постигнувајќи 40.поени речиси колку ривалот за цел меч. На одмор заминавме со 21.поен позитива на семафорот во “Кале“ стоеше 40-19 за девојките во црвено-црна опрема. Во последната четвртина влеговме со комотна разлика откако треттиот период го добивме со 61-34. Победата само ја потврдивме на крајот таа дојде со високи 75-44.
Следниот, втор натпревар од ова финална серија “прв до три“ го играме како гости на теренот на сино-жолтиот актуелн шампион во Првата женска кошаракарска лига.