Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Шок: Нема фудбалска Европа за Вардар!
Шок: Нема фудбалска Европа за Вардар!

Шок: Нема фудбалска Европа за Вардар!

На проблемите на ФК Вардар им нема крај. Стигна лоша вест и од Фудбалската федерација на Македонија. ФК Вардар АД – Скопје поднесе жалба до Комисија за жалби за лиценцирање, но истата беше одбиена како неоснована, па така Вардар иако го освои второто место, сепак, оваа сезона нема да може да игра во квалификациите за Лигата на Европа.

Се издава лиценца за учество во УЕФА натпреварувања за сезона 2019/2020 на фудбалските клубови:

Академија Пандев АД – Струмица

Беласица АД – Струмица

Македонија ЃП 1932 АД – Скопје

Работнички АД – Скопје

Ренова АД – Скопје

Силекс АД – Кратово

Шкендија АД – Тетово

Шкупи 1927 АД – Скопје

Не се издава  лиценца за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2019/2020 на фудбалските клубови:

Вардар АД – Скопје

Победа АД – Прилеп