Вардар по многу аспекти е најсупешниот тим во изминативе осум сезони во СЕХА-лигата. Покрај тоа што сме најтрофејни со вкупно пет освоени титули во ова натпреварување, потоа го имаме играчот со најмногу настапи во СЕХА-лигата, како и најдобриот стрелец и асистент, црвено-црните можат да се пофалат со податокот дека имаат и најмногу голмански одбрани во овие вкупно осум изминати сезони.
Така голманите на Вардар кои овие осум сезони биле дел од Вардар успеале да соберат вкупно 1424 одбрани, што ги сместува на првото место, по овој статистички податок. Втор на оваа листа е тимот на Брест Мешков, односно нивните голмани имале 1295 интервенции. Со 1288 одбрани на третото место се наоѓа екипата на ППД Загреб, додека во ТОП-5 се уште и екипите на Татран Прешов и Нексе.