Завршија „забрзаните“ првенства во кошаркарските млади, женски и машки лиги. Во двете конкуренции освивем по еден пехар и по една МВП-награда.
Помладите кадети на Вардар се закитија со шампионската титула во возрасната категорија за кошаркари до 15 години откако во финале на завршниот турнир беа подобри од врсниците од Водно Санс Партизан со 78-86.
За најкорисен играч (MVP) е прогласен кошаркарот на Вардар, Марко Луканоски.
Избраничките на легендарната Славица Наков, кошаркарки на Вардар беа многу подобри од Струга 2009, и го добија големото финале во М14 лигата со (75:43). Женската екипа на Вардар, кошаркарки „Под 14“ години е освојувач на М14 лигата. Во финалниот меч од оваа возрасна категорија, девојчињата во „црвено-црна“ комбинација на дресот, беа многу подобри од екипата на Струга 2009, и заслужено стигнаа до титулата државен првак во М14.
Aња Начевска од победничката екипа, го понесе епитетот за најкорисна (MVP) на турнирот во СРЦ „Кале“.