Saturday ,04 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Познати се термините за 1/4 финалниот двомеч на Вардар и ППД Загреб

Познати се термините за 1/4 финалниот двомеч на Вардар и ППД Загреб

Екипата на ППД Загреб ќе биде последната пречка за вардарци до пласман на завршниот турнир во СЕХА-лигата.

Веќе се одредени и термините за 1/4 финалниот двомеч со екипата на Загреб. Вардар ќе биде домаќин на првиот дуел кој ќе се одигра во С.Ц. Јане Сандански на 26.август, додека реваншот во Загреб е закажан на 31.август.

Вардар со многу изменет состав и со нов тренер ќе го дочека овој двомеч со шампионот на Хрватска, а на спротивната страна ќе биде Иван Чупиќ на кој првиот официјален дуел за новиот тим ќе му биде токму против Вардар.

Завршниот турнир е закажан во месец септември.