Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > Денес започнува Балканското првенство, три девојки и тренер од Вардар ЕМ дел од младинската селекција

Денес започнува Балканското првенство, три девојки и тренер од Вардар ЕМ дел од младинската селекција

Од денес,   29-ти јуни до 3-ти јули во Република Србија ќе се одржи балканскиот шампионат за одбојкарки У-19.

На скратениот  списокот од 12.девојки за македонската одбојкарска репрезентација до 19 години дури една 1/4-тина  се девојки од ЖОК Вардар ЕМ. Одличните настапи во кадетскиот и младинскиот шампионат на нашиот тим оставија впечаток,  тоа и заедно со подготовките донесе до тоа да 25% од црвено-жолтата селекција да е со наши девојки.

Тие веќе се во Белград каде се подготвуваат за денешното деби коло на овој шампионат. Наш ривал е домашната селекција, младинската репрезенација на Република Србија, овој натпревар ќе се игра попладне поточно со почеток во 19-00 часот.

Ова се вардарките кои се подготуваат да ги бранат боите на Македонија: Марија Василевска (среден блокер), Ана Јаничиќ (примач) и Јана Балов (техничар). Со нив како прв тренер е нашиот тренер Емилија Јаничиќ.