Денес се игра „мајсторката“ од финалната серија во женската одбојкарска сениорска лига. Во истата женскиот одбојкарски тим „Вардар“ и екипата на Јанта Волеј Кисела Вода влегуваат со резултат 2:2 во серијата во која тимот кој ќе ја оствари 3-та победа ќе стане шампион на Република Македонија.
Вардарки во минатиот меч беа на „работ од безната“ противникот имаше 2-1 во серијата и 2-1 во дуелот, се играше 4.сет, а тие имаа со сет, меч топка која можеше да им донесе пехар. Ние успеавме да се извадивме направивме пресврт и со резултат 3-2 на таа средба изедначивме во серијата на 2-2 обезбедувајќи ја денешнаа мајсторка.
Црвено-црните дами се домаќини на оваа средба, напреварот е закажан со почеток во 17-30 часот.
Од истиот ќе може да се гледа директен пренос на Македонската радио и телевизија. Националниот сервис напреварот ќе го емитува на Спортскот канал (МТВ-3).