По паузата поради настапите на Македонската А-селекција во баражот за Светското првенство продолжуваат возбудувањата во женската Супер ракометна лига. Црвено-црните девојки ќе гостуваат во Свети Николе во салата „Цар Самоил“.
ЖРК Вардар е гостин кај тимот на Овче Поле СУ, мечот ќе се игра задутре, сабота 24.април. Дуелот е закажан со почеток во 16:00 часот. Судии на овој дуел кој е напревар од 19.коло во оваа сезона, делегирани се скопјаните: Благоја Кимовски и Блаже Михајлов.
Вардар заминува како фаворит на ова гостување, ние сме на 3.позиција (43.бода), ривалот е на табелата на 9.позиција со само 15.бода. На есенскиот дуел во „Јане Сандански“ во Скопје со истата екипа бевме убедливи и победивме со високи 40:19, на таа средба блесна Миновска Сара со 8 гола која погодуваше со 100% ефикасност, од 8 удара имаше 8 гола. Јаковчевска Ива постигна 6 гола колку и Дамјановска Кате, Фани Ѓорѓиевска даде 5. гола. Трајкоска Јована имаше 47% сопрени топки (7/15), а Илиќ имаше 42% (8/19).