Петмина вардарци на репрезентативниот списокот на Македонија за дуелите со Швајцарија и Финска. За претстојните два натпревари од квалификациите за ЕП 2022 година против Финска и Швајцарија на списокот на репрезентативци кои ќе играат за Македонија се најдоа петмина играчи од РК Вардар 1961.
Селекторот, Кирил Лазаров повика 21 ракометар а меѓу нив се и: Марко Кизиќ, Гоце Георгиевски, Стојанче Стоилов, Филип Талески и Марко Мишевски.
Натпреварите со Финска и со Швајцарија се закажани за 28 април и 2 мај. Македонија е моментно на делба на првото место во групата, заедно со Данска.