Македонија У17 загуби на вториот контролен натпревар од соодветната репрезентација на Црна Гора. Денес на тренинг центарот „Петар Милошевски“ се одигра вториот контролен дуел на овие две репрезентации.
Еден гол го реши победникот, а истиот го постигнаа Црна Гора во вториот дел од натпреварот. Македонија имаше и свои шанси кои не успеаа да ги реализира. Една од нив имаше и вардаровиот капитен, Никола Величковски кој со глава биеше за малку над голот на противникот.
Марко Стојилевски повторно беше стартер за Македонија, додека Никола Величковски и Филип Јовановски влегоа во игра во вториот дел од натпреварот.