Tuesday ,03 December 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КК Вардар реди успеси, ‘падна” и Феникс
КК Вардар реди успеси, ‘падна” и Феникс

КК Вардар реди успеси, ‘падна” и Феникс

„Вардарци“ направија пресврт, победија (80:71), и стигнаа до вториот успех во првенствoто , а Феникс 2010 уште еднаш покажа дека не е екипата од некои претходни сезони. Вардар единствениот тим со македонски ростер врза две победи.

Феникс 2010 сеуште не може да го пронајде својот идентитет, пред се оној играчкиот, кој го красеше во изминатите сезони, не само оние прволигашките.

Доказ плус стигна и во дуелот со Вардар во кој, тимот кој го предводи Денис Дервишевиќ, беше на нивото на задачата само во првата четвртина. Онаа во која делуваше доста сигурно, а имаше и такво водство (18:12).

Од почетокот на втората, се беше, се премина во знакот на Вардар. До крајот на полувремето, „вардарци“ успеаја да израмнат (32:32).

Третата четвртина ја искористија да поведат, да обезбедат сосоема солидна предност (55:50), а последната, да го потврдат големото изненадување – да го победат тимот кој пред извесно време, ја претставуваше Македонија во Европа.

Апсолутно заслужено, за што говори и оној статистички дел, во кој Вардар имаше четворица „двоцифрени“ играчи. Ги предводеше Хусеин Бајрам, кој броеше до 28. поени, но освен петте тројки, имаше и исто толку скокови и три додавања. Одличен, со 19 поени беше и Митков, Луканоски ги испрати со 11, а Атанасов со 10.поени.

Во играта на Феникс 2010, се некако се вртеше околу двоецот Трајковски (22.поени) и Рис (двоен ефект од 27.поени и 15.скока), на кои им се приклучи само уште Дениел кој на десет поени додаде и десет скока