Втор пораз за младинците на РК Вардар, овој пат на гостувањето кај екипата на Мулти Есенс. Натпреварот кој вчера се одигра во салата во населбата Автокоманда го доби домашниот тим со резултат 33:21.
Почетокот на натпреварот не навестуваше, дека младинците на Вардар на крајот ќе доживеат убедлив пораз. Добро го започнавме натпреварот и поведовме со 0:5, сепак тука како да застанавме, а до средината на првиот дел, Мулти Есенс се врати во игра, откако го израмни резултатот на 8:8. Последната предност ја имавме при резултат 9:10, кога домаќинот направи серија од 6:1 и поведе со 15:11, за на полувреме да има водство од 18:15.
Одигравме лошо второ полувреме во кое постигнавме само 6 голови, напротив, Мулти Есенс, кој ја зголемуваше разликата и на крајот стигнаа до триумф изразен со двоцифрена разлика. Конечниот резултат гласеше 33:21.
Вардар имаше само двајца расположени играчи, се работи за Антонио Трајановски кој постигна 9 гола, додека Огнен Тасевски постигна 5. Во листата на стрелци се запишаа уште и Иван Најдовски (3), Наум Антевски (2), како и Ангел Мирчевски и Никола Нечовски кои постигнаа по 1 гол.
Фото: RK Multi Essence