Екипата на РК Вардар стигна до шесттата последователна победа во Супер Лигата, откако славеше на гостувањето кај екипата на Мулти Есенс. Натпреварот кој се одигра во спортската сала во населбата Автокоманда заврши со резултат 33:24.
При резултат 2:1, Вардар постигна седум последователни голови и поведе со 9:1, беше и 12:3, но до крајот на првиот дел, тимот на Мулти Есенс ја намали разликата, па на полувреме се замина со резултат 15:9.
По пет минути игра во вториот дел, Вардар се одлепи на двоцифрена разлика, поведе со 20:9 и веќе беше јасно во каков правец ќе се одвива второто полувреме.
Најефикасен во нашите редови беше Матија Николиќ со 8 голови, додека Дарко Ѓукиќ, Томи Јагуриновски и Гоце Георгиевски погодија по 5 пати.