Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Вардар во дербито гостува кај Соколи 1933
Вардар во дербито гостува кај Соколи 1933

Вардар во дербито гостува кај Соколи 1933

Следниот викенд на програмата во сениорската кошаркарска 2.лига е 16.коло од сезоната 2021/2022. Во истото црвено-црните избраници на Александар Јованчев ќе играат дерби натпревар. 

КК Вардар гостува кај тимот на КК Соколи 1933, тоа е средба на двата тима со по 26.бода (скор 11-04)  кои се на позицијата број 2 и 3 на табелата во втората по квалитет кошаркарска конкуренција. Дуелот ќе се одигра во понеделник (07/03/2022) во салата „Јордан Мијалков“ во Штип. Натпреварот е закажан со почеток во 19-00 часот.