После пауза од две години се враќаат натпреварите во детската фудбалска лига. Ова натпреварување беше прекинато на 10.март во 2020 година поради корона вирусот, но од претстојниов викенд повторно ќе се играат натпревари на терените на фудбалската федерација на Македонија.
Претстојниов викенд со натпревари ќе стартуваат генерациите 2009, 2010, 2011 и 2о12, додека од следниот викенд ќе се приклучат и најмалите од генерациите 2013 и 2014.
Овој викенд, Вардар ќе одигра само три натпревари во Детската Лига, во продолжение можете да го видете распоредот и термините:
Генерација 2009
Вардар – Форца (1) 13:00 ( сабота)
Генерација 2010
Вардар – Шкупи 12:20 ( недела)
Генерација 2012
Вардар – Форца (1) 09:00 ( недела)